Press "Enter" to skip to content

Жените натпреварувачки – амазонки во боди-билдинг спортот предизвикаа внимание (фотогалерија)

Боди-билдингот во Битола има голема традиција и натпреварите во боди билдинг секогаш предизвикувале голем интерес меѓу битолчани.

Така и настапот на женските натпреварувачки на боди-билдинг Куп натпреварот кој го организираше Фитнес клуб „Паљо“- Битола, под покровителство на Боди-билдинг федерацијата на Македонија, предизвика големо внимание кај публиката во спортската сала “Младост“ и беше вистински празник за очи.Со изглед на жени амазонки натпреварувачките предизвикаа голем интерес и кај машкиот, но и кај женскиот дел од битолската публика.

Машкиот дел се воодушевувавње и аплаузи го поздравија убавиот изглед на добро оформено женско тело, а женскиот дел од публиката  ги посакуваа стомачните мускули.Единствена битолчанска која се охрабри да се појави на куп натпреварот беше Марија Здравевска.

Жирито пак ги оченуваше по посебни категории и тоа:

Боди-билдинг фитнес победник е Ангела Геминчевска,

Бикини-фитнес победник беше Катерина Попева,

А натпреварувачките во велнес фитнес добија дипломи за учество.

Ж.Р.

Фото. С. Ристевски