Press "Enter" to skip to content

Викенд црна хроника: загина 35 годишен моторџија, пронајден 67 годишен маж со крварење на рацете

Во билтенот на СВР Битола овој викенд се забележани два настани кои го привлекоа вниманието на битолската јавност.

Едно лице на возраст од 35 години – моторџија загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа “Лукоил” кога џип удрил во неговиот мотоциклист. Според изјави на очевидци на местото на настанот, мотоциклистот возел на едно тркало и неколку пати поминувал по истиот пат пред да се случи несреќата. Поради сообраќајката, полицијата го запре сообраќајот низ обиколницата, а возилата се пренасочуваа низ Битола.

Во претходната вечер во саботата, околу 21,50 часот, во СВР Битола е пријавено дека на ридот “Тумбе кафе“ над градскиот парк, има повредено лице, по што е извршен е увид на местото на настанот. При увидот е е констатирано дека се работи за 67 годишно лице од Битола. На лицето му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош Битола, при што било констатирано дека има обилно крварење од вените на двете раце, по што лицето е пренесено во Клиничката болница во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »