Мила Нечовска има само 7 години и е ученичка во ОУ “Св. Кирил и Методиј“, која покрај обврските кои ги има во училиштето и одлично ги совладува оваа година ги освои сите први места на натпреварите по клавир. Тоа се први места на општинско ниво, регионално и на Државно ниво, а ќе учествува на натпреварите на меѓународно ниво. Исто така, Мила во оваа година имаше два концерти на клавир организирани во државното музичко училиште.
Мила е ученичка во класа на м-р Ана Стефановска која е професорка во средното државно музичко училиште. Нејзиниот ментор професорката Ана е многу горда на својата ученичка и сега пред нив двете стојат уште два предизвици за меѓународните натпревари на кои ќе учествуваме со Мила.
-Мила е многу талентирано дете,но да нагласам страшно дисциплинирана и упорна во своите вежби. Таа не пропушта ниту еден час, и вежба се додека не е се добро извежбано до перфекција. Упорноста и постојаното вежбање, покрај талентот се најважни, изјави нејзината менторка Ана Стефановска.
Мила и покрај успесите е многу скромно дете, културно и воспитано кое низ разговорот со нас ни кажа дека има и свој идол кој свири на клавир и таа постојано ги прати нејзините настапи кои ги има на you tube, а тoa e пијанистката Tiffani Koo од Кина.
-Мила ги прати сите нејзини настапи со воодушевување, но гледам дека превзема од неа што свири и се труди да ги достигне и таа сите тонови кои ги изведува Тифани. Исто така бидејќи таа има бравурозна изведба на Шопен (Chopin Nocturnе # 20 in C sharp minor youtube.com) ноктурно кое го гледаше на youtube. Така Шопен стана нејзин омилен композитор за изведба на клавир“ ни објасни нејзината мајка, Александра Нечовска, која е просвестен работник и таа уште од мала ја поттикнува, поддршува и правилно воспитува.
Нејзиниот талент да дојде до израз треба само вежбање, вежбање и вежбање, ака се постигнуваат резултатати, арезултатите не Мила не изостануваат ни во редовното училиште каде што таа учи каде покажува добри резултати и на натпревари по матемарика и ликовно воспитание..
Сите успеси се резултат на трудољубивоста и упорноста кои ја красат личноста на Мила. Bitolanews и понатаму ќе пишува за нејзините понатамошни успеси кои стојат пред малата Мила Нечовска.
Ж.Р.






