Press "Enter" to skip to content

КБК Енерџи со девет медали од државното првенство во кик-бокс (фото)

Во големата сала на спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје се одржа државното првенство во кик-бокс кое беше во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.

На ова државно првенство за прв пат се појави и битолскиот клуб КБК Енерџи под водство на тренерот Александар Димовски, кој за ова првенство ни рече:-Реков дека нема да се натпреварувам на државните првенства, а така и направив, им дадов шанса на помладите борци од мојот клуб, а јас само им помагав и ги водев до медалите. На ова државно првенство КБК Енерџи настапи со девет натпреварувачи во сите возрасни категории и сакам веднаш да кажам дека сум презадоволен од успесите кои ги имаа таму со освојувањето на девет медали. Освоивме четири златни, три сребрени и две бронзени, но сакам да нагласам дека сум и задоволен од тоа што го покажаа на тартамот и надвор од него, дисциплина, почин кон противникот и кон сите службени лица, со еден збор сите деветмина се покажаа како вистински спортисти.Златни медали освоија:

Марија Димовска, категорија деца, kik-lajt, – 42 кг.

Ана Марија Наумовска, постари кадети, kik-lajt, -55 кг.

Никола Бубевски, постари јуниори, lowkik-ring, -81 кг.

Парим Исламовски, сениори, lowkik-ring, +91 кг.Сребрени медали освоија:

Михаил Ситковски, помлади кадети, kik-lajt, +47 кг.

Арта Селмани, постари кадети, kik-lajt, -50 кг.

Ивона Кическа, постари кадти, kik-lajt, -65кг.

Бронзени медали освоија:

Матија Кическа, јуниори, kik-lajt, -65 кг.

Дејан Дамевски, сениори, low-kik-ring, -67 кг.Сите кои се вклучени во работата и кои ги следеа подготовките за ова државно првенство велат дека одличната работа на тренинзите, сериозноста кон извршување на поставените задачи на тренинзите е причината за вака добрите резултати кои ги постигнаа младите битолчани, а како тие ветија ќе има уште многи медали кои ќе ги красат нивните витрини и витрините на КБК Енерџи.

С.Ристевски