Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победата над Силекс останува во борба за опстанок

Пелистер – Силекс 2:1 (1:1)

Важноста на натпреварот да се освојат трите бода на домашен терен не им дозволи на фудбалерите на Пелистер да играат слободно, туку во грч се со цел да се дојде по победата, а влогот беше голем, три бода за останување во борба за опстанок, посебно сега по поразите на Победа и Скопје ривалите за опстанок. И во таква атмосфера е победена екипата на Силекс со 2:1 полувереме (1:1).

На стартот шанса добија Атанасовски, Трајковски и Недановски, а младиот голман го одбрани ударот на Ѓорѓиев во 8. минута.Пелистер постигна гол во 16. минута откако Тодоровски изведе слободен удар во живиот ѕид, топката се одби до Маневски кој од тешка позиција по земја упати дијагонала и ја погоди мрежата. 

 
Во 30. минута по корнерот од десната страна, во петерецот Бујчевски остана небранет од никого и со левата нога ја втурна топката во битолската мрежа и со 1:1 се замина на одмор.
 
Претпазловоста продолжи и во второто полувреме, а Пелистер успеа да го врати водството со автогол на Танушев, кој ја погоди сопствената мрежа по еден центаршут на Коњарски од слободен удар.
По водството од 2:1  “пелистерци“ се бранеа и во тоа успеаја, а шанса за изедначувачки гол имаше Бујчевски.