На француските воени гробишта во Битола се одржа комеморција посветена на жртвите од Првата светска војна на кој зборуваше Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние.
На комеморативниот настан учествуваа и пратениците во Собранието на Република Франција Бертран Сор и Грегори Галбадон, кои ја предводат Групата за француско-македонско пријателство, како и ученици Горната Гимназија и Гимнаџијата “Ла Рокен“ од Кутанс, Нормандија.На Француските гробишта беше поставено уметничко дело – споменик, изработен од француски ученици од Гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија.
Споменикот е направен од македонски гранит и француски камен, со впишани имиња на Македонци и Македонки кои настрадале во Првата светска војна, а ќе сведочи за настаните од Првата светска војна и Македонскиот фронт.Споменикот го изработија француски ученици од Гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија, кои соработуваат со учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и има за цел да даде смисла на сеќавањето на Првата светска војна, која се одвиваше и тука, на Истокот. Тоа е споменик за поткревање на свеста за мирот и заедничка обврска од Францускиот до Македонскиот фронт, рече на комеморацијата Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и додаде:
–Изборот на бои и материјали е силен и заборува самиот за себе. Каменот од Каен зборува за потеклото на војниците, гранитот е присутен со цел да ја валоризира планината која не опкружува и која ги видела како паѓаат сите овие војници. Идејата да се впишат македонски имиња е со цел да се фрли светлина врз страдањето на цивилите. Битола за нас е место за средба, споделување и истражување на Македонскиот фронт. Станува збор за град кој бил бомбардиран, и во кој цивилите се сеќаваат на тоа што било војна.Покрај промоцијата на споменикот француската делегација беше во посета Горната Гимназија, каде се запознаа со работата на Гимназија, а потоа имаа средба и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Текст и фото: С. Ристевски