Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Работник со победа се враќаат од Охрид

Охрид – Еурофарм Работник 21:26 (12:15)

Ракометарите на Еурофарм Работник со заслужена победа се враќаат во Битола по победата на  гостувањето во Охрид, каде тимот на Охрид го победија со 21:26, а победата ја најавија и ја реализираа уште од почетокот на средбата кога поведоа со убедливи 6:1. Охриѓани и по водството на “фармацевтите“ од 12:6 не се предаваа и намалија на полувреме на 15:12.

Охриѓани последната иницијатива ја имаа во второто полувреме кога намалија само на еден гол разлика (16:15), а потоа ракометарите на Еурофарм Работник поведоа на +3, а до крајот на натпреварот дојдоа до +5 (21:26).

Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник беа Дрогришки, Граџан и Мојсоски со по пет голови.