Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Медицинско прваци во фудбал обезбедија пласман на Гимназијадата

Екипата на средното медицинско училиште во голем фудбал  од Битола ќе учествува на Гимназијата која ќе се одржи во Тетово од 10 до 12 мај, откако во Регионалното финале ја победи екипата на “Р. Ристевски Ричко“ од Прилеп, со резултат 4:2.

Претходно во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола ги одржа и натпреварите во голем фудбал за средните битолски училишта кои се одиграа на стадионот со пластична трева во Битола “Павел Шатев“.

Во Битола покрај средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ кое е првопласирано, на второ место е екипата на Економско “Јане Сандански“, на трето местое Горната Гимназија, а на четврто место е екипата на Техничкото училиште.