Press "Enter" to skip to content

Пелистер по поразот “фенерџија“ на табелата

Скопје – Пелистер 4:0 (3:0)

Екипата на Пелистер ја загуби битката со најголемиот конкурент за опстанок во Првата фудбалска лига, екипата на Скопје, и на гостувањето е поразен со убедлив резултат од 4:0, полувреме 3:0.

Идната среда – недела екипата на Пелистер е домаќин на Ренова и Академија Пандев и само со победи може да се надева за спас од испаѓање во Втората фудбалска лига.

Инаку, во Скопје, уште во втората минута екипата на Скопје со голот постигнат од пенал, поведе со 1:0 откако претходно Бојан Илиевски направи фаул, а судијата Јакимовски покажа на белата точка. Потоа за брзо време се дојде до 2:0 за Скопје со голот на Кофи по корнерот. Пелистер можеше да постигне гол во 30. минута преку Недановски, а наместо 2:1, во 37 минута сите дилеми за победникот на овој натпревар беа разрешени. Усеини се придодаде од втор план и ја закова топката во мрежата за 3:0. На  само секунди до кракот на првото полувреме Љамчевски имаше шанса, но од само неколку метри биеше крај голот. 

По 3:0 “пелистерци“ како да не се надеваа на пресврт, а како капак на се е авготолот на Тодоровски во 68 минута.

Сега по поразот екипата на Пелистер е последна на табелата со само 28 бода од 30 одиграни кола, откако сите конкуренти за опстанок во лигата денес забележаа позитивни резултати, па дури и Победа ја победи Шкендија.