Битолчани и гостите во нашиот град кој денеска на пладне се најдоа на Широк Сокак имаа прилика да го гледаат музичкиот перформанс, насловен “Танцувај без предрасуди“ во организација на центарот “Анастасија“.-Ова е перформанс кој го одржуваме под наша организација веќе по четврти пат во Битола, на Широк Сокак. Овој сценско – музички настан го организираме во повод интернационалниот ден на танцот, а веќе е традиција. Целта е Битола да танцува и да се подигне свеста за самиот танц. На овој перформанс учество зедоа учениците од основните училишта од Битола, како и школите за танц кои работат во Битола, ни рече Стефанија, од центарот “Анастасија“.По завршувањето на перформансот кој се одржа пред нивните простории на Широк Сокак бр. 61, членовите на “Анастасија“ танцот го продолжија по цел Широк Сокак, танцувајќи и делејќи промотивен материјал со мото “IT’S ALL ABOUT DANCE“, а сето тоа проследено со аплаузи од сите кои денес беа на главната битолска улица.
“Танцувај без предрасуди“ на Широк Сокак, перформанс на центарот “Анастасија“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Две премиери на детски претстави во Народниот театар Битола “Снежана и седумте џуџиња“и “Снежната кралица“
- “Поетска колекција” – најновата книга на германски јазик на Александар Саша Трајковски од Битола
- Концертот “Пејте со нас“ на школата “Korunovska music & singing“ магија што ги обединува генерациите! (фотогалерија)
- Изложбата на стари фотографии “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (фото)
- “BAD SYMPHONY“ vs “DISCOPOLIS“ – уште едно неверојатно музичко патување со Камерниот оркестар :IW Connect во Битола (фотогалерија)