На прес-конференцијата која неодамна ја одржа спортскиот директор на РК Пелистер, Златко Димитровски рече дека овој клуб ќе има нова страница во однесувањето и дека без разлика колкави ривали ќе бидат на паркетот со екипата на градскиот ривал Еурофарм Работник, тој и сите во клубот потоа ќе бидат пријатели и ќе си подадат рака без разлика каков ќе биде резултатот.
Тоа се случи и вечерва по завршувањето на натпреварот Димитровски му ја честиташе победата на првиот човек на Еурофарм Работник, Силјан Мицевски, откако двете управи заедно го следеа натпреварот.
Силјан Мицевски по завршувањето на натпреварот на излегување од салата само додаде дека недостасуваше само една заедничка фотографија на ракометарите на двете екипи.






