Интересна глетка на Широк Сокак имаа прилика да видат минувачите по главната битолска улица вчера, некаде на пладне.
Познат битолчанец боемски е седнат на Широк Сокак, а околу него улични музичари, глетка која во овие тешки времиња е реткост да се види во кафеана, а камоли на друго место.
За да се расположиш и опуштиш може секаде, но само со добри и весели музичари.






