Press "Enter" to skip to content

“John Deere“, “Синпекс“ и ЗК “Пелагонија“ во американски стил прославија 100 години од првиот трактор “John Deere“ (фотогалерија)

Во присутво на голем број на гости денес на спортскиот аеродром во Логоварди, се одржа отворен ден кој го организираа американската компанија “John Deere“, “Синпекс“ и ЗК “Пелагонија“ по повод стогодишниот јубилеј од производството на првиот трактор “John Deere“, а како беше речено од организаторите и гостите прославата била достојна на стогодишниот јубилеј кој го слави оваа светски прославена компанија за производство на земјоделска механизација. -Токму овие три компании, домаќини на настанот, можат и треба да бидат лидери на прогресот на земјоделската механизација во Македонија, рече на обраќањето генералниот менаџер на “Синпекс“, Синиша Петровиќ, кој додаде дека компаниите “John Deere“, “Синпекс“ и ЗК “Пелагонија“ побудуваат интерес во македонското земјоделие како лидери во своите области и можат да претстават новини кои би можеле да го водат земјоделието напред.

-Сашо Ефремов, менаџер за продажба на “John Deere“ во компанијата Синпекс, се осврна на историјата на американската компанијата, нејзиниот раст и развој, со посебен осврт на производството на првиот трактор во 1918 година.-Пред точно 100 години господинот Џон Дир ја започнал најуспешната приказна на светот со производството на првиот трактор “Waterloo Boy“, кој на почеток бил пречекан со скептицизам кај самите потрошувачи, бидејќи имал само 27 коњски сили. Првиот трактор се произведувал цели 7 години. Со текот на времето “John Deere“ се зацврстува на првата позиција во поглед на иновативните квалитетни решенија, но и во квалитетот на продажбата. Легендата продолжува, рече Ефремов, напоменувајќи дека “Синпекс“, како компанија застапник на “John Deere“ во Македонија ги воочува, вреднува и применува сите квалитети на американската компанија и ги имплементира и кај вработените во “Синпекс“.-“Синпекс“ и ЗК “Пелагонија“ повеќе од 25 години имаат заедничка соработка. Нашите 18 илјади хектари обработливо земјоделско земјиште, веќе се обработуваат со “John Deere“ механизацијата која е овде изложена. Во нашата флота веќе имаме над 100 машини, трактори и комбајни. Македонија е земја со плодна почва и бројни сончеви денови, се што ви треба е професионализмот, но и традицијата која низ годините наназат ја негуваат македонските земјоделци. И, се разбира пријателства како ова на ЗК „Пелагонија“ и “Синпекс“. Само на тој начин нашите и вашите производи ќе го најдат патот до македонскиот и светскиот пазар, рече Томе Давков од ЗК “Пелагонија“.На прославата присуствуваа бројни гости од градот и државата,стопанственици, банкари, земјоделци кои имаа можност да ја проследат презентацијата и демонстрацијата на решенијата за сателитско наводнување на трактори, како и практичната презентација и демонстрација на комбајн “John Deere“.

Гостин на прославата беше и амбасадор на САД во Р. Македонија Џес Бејли, кој имаше можност на покана на “Синпекс“, да се увери во квалитетот и достигнувањата на земјоделските машини на “John Deere“.Амбасадорот Бејли придружуван од Миле Најдовски, менаџер за пост- продажба во “Синпекс“, возеше „“John Deere“ трактор 8370 R “ со автоматско сателитско управување, а за прв пат влезе и во комбајн.

-Земјоделието го гледаме како интересен сектор за вложување во Република Македонија. За инвеститорите Македонија е интересна не само за високата технологија и рударство туку и за земјоделство. Особено е важено присуството на американските компании во македонското стопанство, а македонското земјоделство заслужува висока репутација, рече амбасадорот Бејли.Гостите по завршување на службениот дел ужуваа во забавата и закуската под ведро небо.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »