Press "Enter" to skip to content

Светскиот моден бренд “Аxel“ и во Битола (фотогалерија)

Светскоит бренд „Аxel“ за прв пат во Македонија и во Битола. За неговото отворање е заслужна   фирмата „My shoes group“ чиј ексклузивни претставници се бутиците “Axel“ и “Adam’s shoes“.

Бутик по светски терк и стандарди. Кога се наближивме да направиме фотографии пред бутикот музика која го надополнува амбиентот како да се наоѓате во некоја светска метропола.

-Ваков бутик доликува за Битола  каде модните трендови секогаш се пратат и скоро секој сака убаво и модерно да се облекува и убаво да изгледа, бидејќи битолчани ја имаат таа традиција на воведување на се што е модерно, ни вели низ разговор извршниот директор на “Axel“ во Битола.Уште со влегувањето во бутикот во очи ни паѓаат боите  кои се природни  и некако посебни заради квалитетот на материјалите. А материјалите високо квалитени и природни во кои доминира памукот, потоа софистицирана синтетичка свила и други кои се резултат на современа и висока технологија на текстилната индустрија. Моделите уникатни  оригинални  по последни модни трендови и бои. Видовме најразлични модели на фустани во пастелни  бои како и со преубави шари погодни за сезоната пролет/лето 2018 год. во “бохо“, стил кој е моден летен хит. Со овие фустани заради квалитетните материјали секоја жена ќе се чувствува убаво во топлите летни денови.Покрај нив има и многу модели на панталони во најразлични модели и бои, кошули и јакни. Сите модели се во различни стилови од тренди, романтичен, “кежуал“ и спортски. Секоја жена во зависност од стилот ќе заблеска во овие модели. Тука се и модните додатоци и акцесоари на женски чанти, ешарпи, каиши и висококвалитетна бижутерија.

А со гардеробата може да ја надополнат со модели од линијата на обуки- чевли, сандали, еспадрили. И во нив доминираат преубавите бои и квалитетни материјали.

Би ја нагкасике и модната  линија на  “Axel girl“ со модели и бои како и женските модели така да мајките со своите ќерки можат да се облечат во стил и тон кој се надополнува, а тоа е  моден тренд  хит во светот кој го воведија селебрити личностите.Стилот на светскиот бренд “Axel“е  посебен, препознатлив, оригинален стил кој и го заслужуваат битолчанки со кој ќе бидат убави, тренди и ѓе заблескаат оваа сезона пролет/лето.