Press "Enter" to skip to content

Тарик Филиповиќ со својата монодрама “Ќиро“ ќе го затвори фестивалот

Вечерва во Народниот театар во Битола завршува 20-тото  јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама  со изведба на монодрамата “Ќиро“ во која настапува хрватскиот актер и шоумен Тарик Филиповиќ. 

На денешната  прес-конференција, Филиповиќ рече:

-иако во последниов период сум препознатлив по телевизиските квиз и шоу програми, сепак јас сум пред се  актер кој настапил во повеќе од 4.000 претстави, од кои триесетина биле премиери, а за монодрамата која ќе ја изведе вечерва рече:-Монодрамата “Ќиро“ е инспирирана од познатиот фудбалски тренер и селектор на хрватската фудбалска репрезентација Ќиро Блажевиќ и вечерва ќе го има 54-то издание. Текстот го работев половина година, а кога почнав да го презентирам пред публиката сфатив дека е вонвременски бидејќи во неа се отсликува животот, шармот на Ќиро Блажевиќ, кој без разлика дали го сакале или го оспорувале тој со својата репрезетација вил трет на светот во фудбал, и бил блиску со финале.

За сввојата актерска кариера Филиповиќ рече:

– Среќен сум што мојата актерска кариера се развиваше во време кога настапуваа Фабијан Шоваговиќ, Борис Дворник, Мустафа Недаревиќ… и други актери од таа генерација, а и јас како и останатите актери од овие простори уживам во актерството, иако тоа не е којзнае како платена работа, а посочи и дека имитацијата на разни личности е негова лична вештина, а ги имитирал Милан Гутовиќ, Миљан Миљаниќ, Фрањо Туѓман и други јавни личности.

По завершувањето на монодрамата “Ќиро“ ќе бидат доделени и наградите на фестивалот.