Press "Enter" to skip to content

Се одржа фестивалот на Франкофонски Театар

Традиционално и оваа година ОУ “Св. Кирил и Методиј“ го организираше Фестивалот на Франкофонски Театар. 

Оваа манифестација секоја година се организира со поддршка од Францускиот Институт од Скопје и во соработка со Здружението на Професорите по француски јазик.

Фестивалот беше отворен од страна на почесниот конзул на Република Франција во Македонија, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.На него учествуваа учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, ОУ „Елпида Карамнди“ – Битола, „Даме Груев“ – Долно Оризари – Битола, Француската Алијанса Битола, Јазично студио Лингва – Битола и ОУ „Гоце Делчев“ од Неготино.

За најдобра претстава беше прогласена “Прекрасната среќна Фамилија“ на учениците од Даме Груев од Долно Оризари, за најдобар изговор Каролина Маркова од ОУ “Гоце Делчев“ од Неготино, најдобра актерка Јована Здравевска од ОУ “Даме Груев“, а за најдобар актер наградата ја поделија Жозеф Ажлани од Лингва и Христо Николов ученик во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и Француската Алијанса.  

More from КултураMore posts in Култура »