Press "Enter" to skip to content

Градската кафеана на хотел “Епинал“ утре, недела со дневна музичка програма

Градската кафеана на хотелот “Епинал“ во Битола е место каде битолчани доаѓаат на уживаат во одличната храна, пијалоци кои им ги сервира професионален персонал, а сето тоа е надополнато со единствениот амбиент во кој гостите, како самите велат, уживаат за времето кои тука го поминуваат.

Во таа насока, да се задоволат сите барања на гостите и да им понуди покрај амбиентот, храната и услугата и нешто што тие го бараат, утре гостите кои на пладне ќе ја посетат Градската кафеана на хотелот “Епинал“ ќе ги забавува и музичка група која ќе исполнува староградски мелодии.

-Ние секогаш се трудиме да им излеземе во пресрет на гостите, тука кај нас да уживаат во она што тие го бараат од нас како угостители, а ние сме препознатливи по квалитетот кој им го нудиме. Гостите кои утре на пладне ќе бидат во бавчата на Градската кафеана на хотелот “Епинал“ и ќе уживаат во одлично подготвената храна во нашата кујна ќе ги забавува реномирана музичка група, велат од Градската кафеана, а додаваат дека битолчани кои сакаат да уживаат во пладневната кафе-шема на Широк Сокак тоа можат да го направат во уредениот простор пред Градската кафеана.