Press "Enter" to skip to content

Ден на убавината во козметичкиот салон “UNA NOVA“ за битолчанки (фотогалерија)

Денес во салонот за убавина “UNA NOVA“ се беше во знакот на убавината и негата на лице и тело. Во “Денот за убавина“ за припадничките од понежниот пол имаше промоција на бесплатни совети и најразлични третмани за лице и тело со козметички препарати од најсовремени линија на “Janssen cosmetics“ со препарати од 100 проценти природна козметика.

Сопственичката на салонот, Татјана Баљарова, ни објасни дека со вакви промоции секоја жена најпрво добива бесплатен козметолошки преглед на кожата на лицето кој го прави стручен козметолог, а таа е Катица Китанова, која има големо искуство во козметологијата и тоа повеќе од 25 години. Китанова е обучувач на “CIBTAK“ програмата за козметологија на лице и тело.

-Многу сум среќна што денес на овој ден на убавина со нас е Катица Китанова која во изминатиот период беше и обучувач на целиот тим од козметичкиот салон “UNA NOVA“. Цел тим се обучуваше по германската програма “CIBTAK“ за најсовремени козметички третмани за лице и тело. Сите што ја поминавме обуката се стекнавмне со сертификати кои денес на овој ден ќе ни ги предаде Катица Китановска. Нејзиното присуство во салонот со бесплатни совети и третмани за лице и тело на нашите клиентки кои се тука денес, многу ми значи мене и на целиот тим на “UNA NOVA“, ни рече Татјана Баљарова.

Салонот “UNA NOVA“ е отворен на 15 јануари, нивните модерно уредени простории се наоѓаат во станбено-деловниот комплекс “Пелагонка 2“ на II спрат, но љубезниот персонал и квалитетни услуги кои им ги нудат сега им е познат на битолчанки кои сакаат да бидат негувани и во форма.

На денешните промоции покрај бесплатните совети и третмани се добиваа и мостри од препаратите на козметичката линија “Janssen cosmetics“ 100 проценти природна без парабени и парфеми.

-Во иднина планираме да продолжиме со вакви промоции за битолчанки кои кога ќе дојдат во салонот ќе видат на лице место какови услуги нудиме, ни кажа Аница Стевановска, менаџер на салонот “UNA NOVA“ и продолжи:

-Кај нас во салонот може да ги добијат сите видови на третмани за лице и тоа со дијамантски пилинг, со лифтинг апарат, третмани со овошни киселини, миоцелулозна пилоф маски, ботокс, кавијар лифтинг… Тука се и третманите за тело актуелни пред летото, а тие се: третмани за слабеење, кавитација, инфрацрвена капсула, липоласер, радиофрекфенција, криолиполиза, термо ќебе. За нега на тело имаме и многу масажи од медицински, спортски, релаксирачки за опуштање со етерични масла,чоколадни за негувана кожа на телото, детокс и антицелулитни. Депилации со најквалитетен восок во зависност од типот на кожа, а за периодот кој ни претстои Стевановска додава:

-Солариумот е особено популарен овие денови пред да се покаже телото на плажа, а морам да ги споменам маникир и педикир кои се потребни за секоја жена да изгледа негувано со најквалитетни лакови со ултра модерни бои. За секоја жена да заблеска на некоја свеченост нудиме професионлана шминка, прилагодена кон облеката која ќе ја носи во било која прилика.

Во рамките на салонот работи фитнес-центар, со тренер кој на клиентките им дава инструкции и совети за вежби, исхрана и сето тоа надополнето со козметички третмани за тело за да има комплетни резултати кој ги посакува секоја жена.

-Бидејќи само со исполнување на таа целина, нашите клиентки кои сакаат да изгледаат беспрекорно преку летните месеци ќе бидат задоволни. Целта на тимот на салонот за убавина “UNA NOVA“ е задоволни клиентки кои ќе излезат од тука убави, сигурни во себе и самоуверени, порачуваат од салонот за убавина “UNA NOVA“.

Жанета Ристевска