Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ заврши снимањето на креативно едукативниот филм (фото)

Деновиве во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ беше многу интересно додека се снимаа кадри за креативно едукативниот филм (спот) со кој училиштето ќе учествува на меѓународниот училишен фестивал за креативно едукативни филмови “КРЕФ 2018“ во категорија “ЛИПДУБ“ филм. Целта на филмот е да се прикаже училиштето, со сите простории и кабинети као и позитивната клима во него.

Низ ходниците сретнавме деца кои ги претставува (глумеа) браќата Кирил и Методиј, сесловенските просветители и нивните ученици. Деца со напишано старо кирилско писмо, пера и мастило кои требаше да го доловат тој период, ученици како држат стари предмети облечени традиционално, ученичките кои играа оро беа преубави во традиционална македонска носија.

Потоа други ученици во селска носија и градска носија, а тука беше и тапанот, кој како да ја водеше камерата низ просториите, сакајќи да го прикажат нашето македонско оро кое се вееше, а преубавата Ѓурѓа го водеше.

Потоа ги видовме пионерите со марами и титовки весело мавтајќи со знаменца, сакајќи да прикажаа друг период од историјата, а следуваше современото време со технологија, компјутери, смарт-табли беше, а сето за да се прикажат опремените кабинети во училиштето.

А, снимањето со дрон им беше секако на сите најинтересно, сите возбудени, но и трпеливи за снимањето бидејќи некои кадри беа повторувани повеќе пати.

Учесници во филмот се сите ученици, наставници и друг кадар во училиштето, а со филмот е прикажана училишната атмосфрера преку креативни и проектни изразувања на учениците со нивните наставници на тема која ја осмисли авторот на филмот, а авторот ни објасни дека музиката е главен двигател на филмот и асоцијациите од неа потекнаа како ќе се прикаже главната тема на филмот – поврзување на минатото традицијата и модерното време.

За да се постигне сето тоа помогнаа и тимот сореаботници кои ги оргинизираа креативните презентации на учениците и нивните наставници.

Инаку, “КРЕФ 2018“ е меѓународен фестивал на креативни и едукативни филмови во повеќе категории, ОУ “Св. Кирил и Методиј“ учестува во категоријата “ЛИПДУБ“ кој се снима така да изгледа како да е снимен од една секвенца и камерата непрекинато се движи низ сцените кои ги направиле учениците. Музиката која го покрива филмот треба да е синхронизирана со движењата на усните и тактот на танцување.

More from БитолаMore posts in Битола »