Press "Enter" to skip to content

Менде Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“: со 105 милиони кубни метри вода и со иста цена стартува сезоната за наводнување

Денес во просториите на ЈП “Стрежево“ се одржа прес-конференција на која зборуваше директорот на ова јавно претријатие Менде Граматковски за престојната сезона за наводнување, за останатите активности на претријатието, за активностите од периодот од август 2017 до мај 2018, како и за идните планови.

За престојната сезона за наводнување Граматковски рече:

-ЈП “Стрежево“ оваа сезона за наводнување ќе ја отпочне на 1 јуни, а во акумулацијата “Стрежево“ има рекордни количини на вода вкупно 105.000.000 кубни метри. Претријатието за што поуспешна сезона за наводнување веќе започна со склучување на договори со корисниците на хидро-системот за наводнување и земјоделците можат во просториите на претријатието да склучуваат договори за наводнување на планинарите и посадените култури од 30 мај се до 1 јуни. Што се однесува пак до сезоната за наводвување ЈП „Стрежево“ ја очекува подготвено, а по главниот канал ќе се испорачуваат максимални количини на вода до сите корисници, индивидуалниот сектор, ЗК “Пелагонија“, РЕК “Битола“, а по потреба и на ЈП “Водовод“. “Стрежево“ ќе биде во можност да испорачува максималено количество на вода со оглед на тоа што е санирано свлечиштето нас село Драгарино и новиот зафат за вода е поврзан со главниот канал. Цената на испорачаната вода од акумулацијата за сите водокорисници оваа година нема да биде зголемена рече, Граматковски и нагласи дека сега имаат одлични релации со најголемите корисници на вода ЗК “Пелагонија“, РЕК “Битола“ и ЈП “Водовод“, со тоа што ЗК “Пелагонија“ веќе ја има платено потрошената вода за 2015 и 2016 година, а “Стрежево“ ја очекува и одлуката на Судот за тужбата од ЗК “Пелагонија“.

За тоа како ЈП “Стрежево“ работело во периодот од август 2017 до мај 2018, директорот Граматковски рече:

-Домаќинското работење на раководниот тим на ЈП “Стрежево“ и рационалното и наменско трошење на финанскиските средства во претријатието доведе до намалување на непродуктивните трошоци за околу 8 милиони денари во споредба со истиот период од пред една година. Главен акцент на работата на претријатието во овој изминат период е ставен на основната стопанска дејност, санирано е свлечиштето настанато во 2015 година, извршена е поправка на цевководот од деталната цевководна мрежа, наплатени се побарувањата од комитентите, објавена и реализирана продажба на произведената електрична енергија од 5. хидроцентрали, а постигната е поголема цена од киловат-час од претходната година за 38 проценти, а со тоа е зголемен и приходот од оваа дејност. Исто така и обврските кон вработените, државата и добавувачите редовно го сервисираме. Што се однесува пак до рибарството, акумилацијата во овој период е два пати порибена со пастрмка и крап.

Што се однесува пак до идните планови на претријатието, директорот Граматковски рече:

-Планираме да вложиме сопствени средства во изградба на фотоваолтаична централа со снака од 500 киловат-часа, реконтрукција на цевководите, осовременување на динамичната регулација на системот, осовременување на хидро-механичката и електроенергетската опрема на системот, а ќе се вложуваат средства и во оснанатите дејности, рибник и ски-лифтови.

Граматковски зборуваше и за состојбата на кафеаната и базенот “Довлеџик“, за соработката со риболовците, а на јрај рече дека ќе се посвети и големо внимание на екологијата околу езерото “Стрежево“ за идни планови во него да се вливаа чисти води, за пречистителна станица, а нагласи на крај дека иако езерото “Стрежево“ има рекорна количина на вода, сепак упати апел до сите косрисници дека водата мора да се штеди.

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »