Press "Enter" to skip to content

Фото вест: 60 ученици од ОУ “Коле Канински“ во посета на ЈП “Пазари“

Денес, во пазарен ден, шеесетина ученици од основното училиште “Коле Канински“ беа во посета на ЈП “Пазари“, односно го посетија градскиот пазар во Битола заедно со своите наставници, каде имаа прилика на самото место да се запознаат со пазарот, со тоа што се продава и со дел од продавачите.

“Водичи“ низ пазарот, на ученицит,е им беа вработените во ЈП “Пазари“ кои трпеливо им одговараа на нивните прашања, кои беа безброј, а учениците разговараа и со дел од продавачите кои се израдуваа на посетата од страна на децата, а ним им подарија и дел од производите кои ги продаваат овошје или зеленчук.