Press "Enter" to skip to content

ФК Јени маале ги прогласи најдобрите, додели благодарници и со иницијатива за формирање на градска фудбалска лига (фотогалерија)

Традицијата продолжува во еден од ретките градски фудбалски клубови, Јени маале, каде управата заедно со фудбалерите во ресторанот “Триангл“ ја одржаа завршната свеченост каде ги прогласија најдобрите фудбалери и им беа доделени наградите на подржувачите на клубот.

Во уводниот дел од обраќањето на капитенот и член на управата Никола Пискачев направи кратка анализа на изминатата сезона, за која нагласи дека по резултатите постигнати не е најсјајна, но е добра поради издрживоста на сите клубот да ја продолжи традицијата и да се приближи кој јубилејната десетта сезона од постоењето.

-Не можеме да се пофалиме со резултати, но можеме да се пофалиме со тоа дека додека остантите во сабота се подготуваат за кафе-шема ние се подготвуваме за натпревар, кој иако е во општинските лиги нам многу ни значи. Се надевам дека оваа наша скромна прослава ќе биде поттик за фудбалерите, за спонзорите со кои заедно сакаме да постигнеме повеќе. Им честитам на најдобрите и се надевам дека тие ќе бидат носители на играта и во наредната сезона, која се надевам деќа ќе биде подобра, рече Пискачев.

Како секоја година, така и оваа управата заедно со дел од фудбалерите ги прогласи најдобрите во оваа, како рекоа не така успешна сезона.

Наградата за голман на сезоната на ФК Јенимале е доделена на Тони Митровски, за најдобар одбранбен фудбалер – Наум Пауновски, најдобар среден играч – Васко Наумовски, најдобар стрелец Андреј Лозановски, најдобар дебитант – Хајдин Мустафаи и за “МВП“ наградата е за Никола Пискачев.

Благодарници за поддршка на клубот добија Александар Пановски, Митко Стојковски, Владе Горгиевски (ресторан “Триангл“) и Сашо Ристевски (www.bitolanews.mk).

Раководството на ФК Јени маале во однос на идните планови рече дека идната сезона која е јубилејна и и важна за клубот, кој слави десет години од постоењето и континуирано натпреварување во општинските лиги, мора да се подобрат резултатите и да се консолидира екипата, но мора и да се работи на организацијата на јубилејот, и ги повика фудбалерите, членовите на управата и поддржувачите да направат се таа достојно да се одбележи.

-Некој ќе рече дека 10 години не е голем јубилеј, но за нас е голем, бидејќи не само што опстојуваме и се натпреваруваме во континуитет, заедно се дружиме десет години се натпреваруваме, водиме статистика кој колку играл, кој постигнал најповеќе голови, заедно се радуваме, но и нервираме. Во тимот имаме фудбалери со 270, 200, 100 одиграни натпревари, некој има постигнато околу 150, 80, 55 голови, но тоа ќе го соопштиме на јубилејната прослава, рече Благојче Петровски – фудбалер и член на упрвата на клубот, кој за иницијативата која ја подготвува клубот додава:

-Мене ме радува тоа што пред 40-50 години во Битола имало десетици градски фудбалски клубови, а сега сме два-три кои ја продолжуваме таа традиција на градски фудбалски клубови, а посакувам да не има многу, да има градска лига во голем фудбал, но за тоа во друга прилика, но сакам да највам дека ФК Јени маале размислува да поднесе до ОФС Битола иницијатива за формирање на градска фудбалска лига,

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »