Press "Enter" to skip to content

Отворено државното првенство во џудо, домаќин џудо-клубот Пелистер (фотогалерија)

Во спортската сала на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ денес пред еден час беше свечено отворено државното првенство во џудо на кое домаќин е џудо клубот Пелистер.

Државното првенство за отворено го прогласи градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, кој ги поздрави присутните во салата, на натпреварувачите им посака успеси, а на сите убав престој во Битола.

На натпреварувачите им се обрати и претставникот на домаќинот, џудо – мајсторор Ѓуро Илиќ, кој им се заблагодари на натпреварувачите за нивното присуство на државното првенство и им порача низ фер борби да победат најдобрите.

На ова дрчавно првенство учествуваат 141 натпреварувач од сите клубови кои ќе се борат во своите категории.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »