Press "Enter" to skip to content

Жолтио и Христијан први, Ќаме и Бајата втори на трката во Лагово – Прилеп

На првата трка која се одржа на патеката “Лагово“ кај Прилеп по организација на мото клубот Ноќни волци во соработка со екстрим клубот Сторм Рајдерс битолските мотокросисти постигнаа одлични резултати.

Борче Костов – Жолтио (Ноќни волци – Скопје) во МХ3 и Христијан Станковиќ (Ендуро тим – Скопје) во МХ2 се победници и освојувачи на златен медал, а Зоран Каранфиловски (Ноќни волци – Скопје) е второпласиран во МХ3, како и Михаил Бајовски (Хамачи – Штип) во МХ1.

-Не беше лесно да се стигне до победа на трката во Лагово, бидејќи имав за директен противник бугарски мото-кросист кој ме победи во првата трка за помалку од една секунда. Но, во втората трка убедливо го победив и заслужено го освоив првото место на крајот од двете трки, вели Борче Костов – Жолтио, капитен на екипата на Ноќни волци.

Организатор на трката мото клубот Ноќни волци во соработка со екстрим клубот Сторм Рајдерс, а во организацијата беше вклучен целосно и Костов кој за организацијата на трката вели:

-Ова е прва трка која ја организираме по подолго време и се надевам дека нема да биде последна. Што се однесува пак до самата организација на трката морам да кажам дека беше одлично подготвена, но топлото време и ветрот создаде прашина и не можеше да се натопи патеката со вода.

Екипен победник на првата трка е екипата на Ноќни волци, а капитенот Костов вели:

-Ние како клуб покажавме дека сме најдобра екипа, но се надеваме дека ќе има уште трки кој ќе ги организира Мото федерацијата на Македонија за да докажеме дека сме најдобри, додава Жолтио.

На ова трка пласмани имаа уште тројца мото-кросисти од Битола кои обезбедија пласмани. Од екипата на Ноќни волци Борис Мојсовски во МХ3 беше шесто пласиран, а Владимир Трајановски шести во МХ-опен.

Павел Ивановски од мото клубот Булевар бајкери од Битола беше втор во МХ-опен, а Петар Дамјановски од мото-клубот Хамачи од Штип, беше на седмо место во МХ-опен.

More from СпортMore posts in Спорт »