Press "Enter" to skip to content

Александар Цуцуловски избран за координатор на СДСМ на пелагонискиот плански регион

Битолчанецот Александар Цуцуловски е избран за координатор на пелагонискиот плански регион на СДСМ и тој е еден од осумте координатори, кои вчера имаа средба со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во Скопје.

Со изборот на координаторите СДСМ започнува со нов начин на територијално делување на СДСМ, прилагоден на економските и административните развојни цели со што се очекува да се зголеми ефикасноста на партијата и дополниелно да достапноста до граѓаните и демократизацијата на партијата, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

-СДСМ се обврза да работи за доброто на државата, да ги стави граѓаните во центарот на вниманието, градејќи ја Македонија како едно општество едно семејство, држава за сите. Во таа насока очекувам делување кое првенствено ќе ги има предвид потребите на граѓаните во сите осум плански региони на Македонија. Ја зголемуваме ефикасноста на нашето делување, територијално подеднакво и нашата мобилност, во интерес на граѓаните, но и членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ -порача Кирацовски.

More from БитолаMore posts in Битола »