Press "Enter" to skip to content

Библиотеката претесна за интересот за мотивацискиот семинар (фото)

Во преполнетата сала на НУ Унивирзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола се одржа мотивацискиот семинар на кој говорници беа Катерина Ангеловска и Елена Ѓ. Костадиновиќ, во организација на НУ Универзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата Лабараторија на идеи.

Веруваме дека сигурно ја разбудивме Вашата мотивација, инспирација и креација и Ве подготвивме за успех преку трансформација на вашите мисли. Големиот Никола Тесла рекол: “Доколку сакате да ги пронајдете тајните на Универзумот, мислете во услови на енергија, фреквенција и вибрација”. Дали знаете дека при создавањето на човекот, од сите убави енергии кои ги користел Создателот, нам како човечки битија ни ја дал најсилната енергија?! Енергијата на човечката мисла. Со оваа енергија секој човек има можност да созададе реалност каква што сака. Зарем не е фасцинантно и триумфално да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет кој го посакувате, за вас и за луѓето околу вас!? Како? Преку своите мисли.

Беа одговорени и голем број прашањата, а учесниците со посета на овој мотивациски семинар добија знаења за: постигнување свесност за сопствените мисли, создавање услови за креативна околина, како со помош на сопствените мисли да искреирате посакувана реалност.

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените! Бидете лидери на сопствениот живот! Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!, беа дел од пораките кои долго ќе бидат во мислите на присутните.

Инаку, Катерина Ангеловска е тренер за личен и професионален развој, мотивациски говорник и автор на книгата „333 Афирмации“, Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година. Таа е новинар, телевизиски и радио водител. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела.

More from БитолаMore posts in Битола »