ЖФК Топ гол Битола беше домаќин и организатор на развоен младински фудбалски турнир за девојки до 14 години во рамките на ФФМ.
Покрај домаќинот на фудбалскиот турнир учествуваа екипи од повеќе градови на Македонија: Струга, Тетово, Охрид, Скопје, М.Брод и Демир Хисар кои се натпреваруваа во две категории кадетки и младинки.
Помладата категорија натпреврите ги одигра на фудбалскиот терен “Павел Шатев“, додека натпреварите на постарата категорија се одиграа на Градскиот стадион под Тумбе Кафе што беше огромен мотив за игра кај младите девојки.
-Огромно е задоволството да се видат голем број девојки да играат фудбал на едно место. Целта на ваквиот тип на турнир е развој и популација на женскиот фудбал кај помладите девојки и во пресрет на стартот на Светското првенство мислам дека успеавме во тоа. Сакам да упата и голема благодарност до ФФМ, Општина Битола и персоналот за подршката во реализацијата на овој фудбалски настан. Исто упатувам и пофални зборови за екипите учеснички за нивниот фер-плеј однос за време на целиот турнир.Имаме големо искуство во организација на ваков тип на настани и во иднина најавуваме и организација на фудбалски турнир во сениорска конкуренција, Изјави Кире Грбевски тренер на Топ гол.
Фудбалските активности на ЖФК Топ гол ќе траат до крајот на месец Јуни па ќе се оди на заслужен одмор по успешната фудбалска сезона
ЖФК Топ гол реализира развоен младински фудбалски турнир за девојки до 14 години (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме