Press "Enter" to skip to content

Битолчаните, шаховските легенди Димче и Борче на “Магнолија“ ја реконструираа партијата шах на Борче против Фишер (фото)

Македонското здружение за култура и обичаи “Гороцвет” од Скопје, во соработка со Македонски железници организира посебен настан насловен како “Братска средба на Димче и Борче Илиевски-македонски шаховски легенди”, посветен на познатите браќа шахисти од Битола.

Двајцата браќа се сретнаа на “Магнолија“, ја промовираа монографијата за Димче, “Димитар Илиевски- Македонска шаховска легенда”, а потоа двајцата заедно ја реконструираа легендарната шаховска партија, која Димче ја одигра против светската шаховска легенда, Боби Фишер, што наиде на голем интерес кај битолските љубители на шахот, а и самиот настан беше интересен кај многумина.

Потоа сите заедно со членовите на Лајонс клубот “Битола“ засадоја дрво во паркот на лајонизмот, а на Борче Илиевски уметникот Цветин му подари насликана уметничка цветна шаховска табла.

Ова беше навистина емотивен настан каде на средбата двајцата браќа евоцираа спомени од времето кога двајцата настапувале заедно на прва и втора табла и победата на клубот била загарантирана, бидејќи во нивно време немало кој да ги победи.

На пет табли на „Магнолија“ се одигра шаховска симултанка, а сето тоа беше збогатено со поетски и актерски перформанси во што учествуваа шахистите Сашо Ефтовски од Македонски Железници, Никола Николовски млад интернационален шаховски мајстор, Столе Костадинов, Ненад Баткоски, поетесата Анита Бошкова, поетесата и новинарка Валентина Ѓоргиевска – Парго и младата актерка Аница Бебиќ.

Исто така во рамките на овој настан кој се иницира да биде Светски ден мудроста, беа пуштени од страна на Димче, Цветин и Борче пет мироносни балони со порака за мир.

More from КултураMore posts in Култура »