Press "Enter" to skip to content

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната седница на Советот на општина Битола

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната седница на Советот на општина Битола, а образложение за ваквата одлука искажа координаторот на советничката група и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Иванчо Тошевски кој од говорницата рече:

-Денес кога сите ние сме во очекување на едно свенарио за рушење на Република Македонија, ние, кое ќе се одвива во Собрнието на РМ, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во знак револт за ова големо предавство и во знак на поддршка на сите граѓани кои една година наназад почувствуваа што значи живот за сите, ја напуштаме оваа седница.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Методија Илиевски ги повика советниците да се вратат во советничките клупи и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го крши Статутот и Деловникот за работа и се обидуваат да ја злоупотребат говорницата на Советот, бидејќи договорот со Грција за промена на името не е предмет на работа на локалната самоуправа, туку да ги решава локалните проблеми на граѓаните на Општина Битола.