Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ги решава инфраструктурните проблеми во село Лавци и населба “12 Кладенци“

Општина Битола, потпиша два големи договори со кои ќе се решат големите долгогодишни инфраструктурни проблеми на жителите во населбата „12 Кладенци“ и селото Лавци.

Со првиот проект, во висина од 2.877.803,00 денари ќе се изврши реконструкција на водоводната мрежа во с.Лавци и изградба на разводна водоводна линија, профил 2, 3 и 4.

Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица, а проектот ќе резултира со реконструкција и изградба на нови линии.

Вториот потпишан договор од страна на Општина Битола, се однесува на реализација на проектот, за кој е добиен грант во вредност од 120.000 евра, средства со кои ќе се изврши рехабилитација и адаптација на локален пат за с. Лавци и изградба на доводен цевковод и нов резервоар за вода за с. Лавци. Изведувач на градежните работи е “БВ Инжинеринг.

Во овој дел, Општина Битола, од сопствениот буџет, ќе изгради и нова водоводна траса во должина околу 400 метри со што ќе се обезбеди квалитетно водоснабдување на жителите од населбата „12 Кладенци“.

Активностите кои се однесуваат на изградба на водоводната и канализационата мрежа, ќе бидат изведени од страна на општинските јавни претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“.

More from ВестиMore posts in Вести »