Македонскиот репрезентативец Никола Марковски од денес е нов член на ракометниот клуб Еурофарм Работник, а ова второ засилување само за два дена по потпишувањето на десното крило Милан Џукиќ.
Кружниот напаѓач Марковски се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја репрезентира нашата земја во Европа.
Никола Марковки е искусен ракометар, кој во нашата земја го носеше дресот на Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а во Романија минатата сезона настапуваше за Орошази.
28-годишниот Никола Маркоск е стандарден репрезентативец на Македонија.
Неговиот договор е со важност до јуни следната година.