Вечерва во Народниот театар започна годинашниот, шести по ред “Шекспир театар“ со претставата на ансамблот на Народниот театар од Битола, “Јулие Цезар (RES PUBLIKA или KOSA NOSTRA)”.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За фестивалот во уводниот дел зборуваше актерот Огнен Дранговски, како беше најавен, актер кој бил во “Глоуб театарот“, кој спомена дека во ова шесто издание ќе настапат повеќе од 300 актери од неколку земји.

По официјалниот дел се одигра претставата „Јулие Цезар (Res Publica – Cosa Nostra)“ во режија на белграѓанецот Златко Паковиќ, а главните ликови им се доверени, Ликот на Цезар – Соња Михајловска, Цицерон – Петар Горко.

Фестивалот е во рамките на “Бит Фест” и се одржува со поддршка на Општина Битола и е под покровителство на Министерството за култура.

Шекспир фестивалот ќе трае осум дена и ќе се изведат 12 претстави, а утре на програмата на “Шекспир фестивалот“ е “Ричард трети“ во изведба на Театар “Гавела“ од Хрватска.


Започна шестиот по ред “Шекспир фестивал“ со “Јулие Цезар (Res publika или Kosa nostra)” (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





