Press "Enter" to skip to content

Интервју: Пеце Стојановски – сопственик на “Хардкор Шоп“, промовираме здрав живот и спортување без предрасуди

Разговорот го водеше: Жанета Ристевска

Го посетивме Пеце Стојановски во продавницата “Хардкор Шоп “ една од водечките компании на македонскиот пазар која е специјализирана за здрава храна, додатоци за исхрана (суплементи) и спортска опрема. Вистинско име за оваа продавница во која насекаде сме опкружени со најразлични додатоци и здрава храна од најразлични врвни производители наменети за напорни тренинзи како што значи и самото име („хард кор“- огромен напор). Сопственикот го затекнавме во гужва на нарачки и информации кои им ги даваше на оние кои купуваа. Тој смирено и многу професионално им одговараше на сите клиенти при тоа и одвои време за разговор и фоотографирање.

-Вака ни поминува секој работен ден во “Хардкор Шоп“. Секојдневно примаме нарачки и даваме најразлични информации бидејќи сме дистрибуртери на најдобрите Американски и Европски брендови од областа на додатоци во исхрана, фитнес и бокс опрема низ цела Македонија. Имаме и свои продажни места во Скопје, Охрид, Гостивар, Тетово, Штип, Прилеп. Од тука се снабдуваат и “теретаните“ во Битола и други градови.

“Хардкор Шоп“ е една од првите продавници за здрава храна, суплементи и опрема во нашиот град. Кажете ни кога започнавте со работа и како дојде таа идеја?

-Идејата ја имав подолг период уште пред 13 години кога активно спортував боди-билдинг и работев како инструктор во теретаната “Титан“. Боди билдингот го запознав и засакав како спорт уште како тинејџер некаде во моето средно образование на 15-16 години. Тогаш доаѓав во “Титан“-фитнес центар и теретана која беше сопственост на мојот вујко Гоце-Дивото. Тука заедно со мојот брат Борче Стојановски постојано доаѓавме, се запознававме што се вели со тајните на овој спорт и многу научивме од него. Тогаш веќе почнав активно да се занимавам со боди билдинг и неколку години бев инструктор заедно со мојот брат Борче. Тој тргна во натпреварувачки води во боди-билдингот, а јас во други. Како што реков сите тајни мислев на вежбање и начин на исхрана и користење на суплементи како значаен дел при вежбањето и дигањето на тегови.

Во тој период дали беше достапна овој вид додатоци на исхрана како суплементи?

-Низ тие години јас заклучив дека исхраната и суплементите се дел од нашиот живот и дека е многу значајно да ги има, да ти бидат достапни сите видови се разбира мислам од повеќе познати производители. Во тој период и тие години ние ги нарачувавме од други држави. Потоа во еден период кога се отворија продавници за сексков вид на здрава храна можеа да се најдат но многу мал дел, само некои видови на протеини. Заради сето ова што го искусив, кај мене се роди идеја за еден таков бизнис и продавница каде многу производи за здрава исхрана, суплементи и опрема ќе им бидат достапни на спортисти и оние кои водат активен живот, а и не само за боди-биллдери, туку сексков вид спорт. Значи да не се нарачуваат од странски држави туку да им бидат тука на едно место. Идејата ми се оствари и пред 8 години започна да работи продавницата “Хардкоре Шоп “ која се отвори 2010 година и таа беше прва специјализирана продавница за здрава исхрана, суплементи и спортска опрема.

Кажете ни ги вашите искуства на почетокот на работа како прва специјализирана продавница за здрава исхрана и додатоци?

-Морам да ви кажам дека постои голема разлика меѓу првите години од работата на “Хардкор Шоп“ пред 8 години па до денес. Свеста кај луѓето е драстично променета и приодот кон здравиот начин на живот, спортувањето и исхраната. Можам да ви кажам дека првите години беа некако како наша едукација на клиентите и луѓето кои доаѓаа кај нас. Ние ги информиравме за тоа како да ги користат овие производи кои ги нудевме и им беа достапни тука кај нас. Значи едукација и во секаква смисла дека овие суплементи се наменети за сите кои активно спортуваат, а не само на оние кои тренираат боди билдин особено оној натпреварувачкиот. Во последните години е се променето и некеко се чувствувам како да сме ја постигнале целта. Јас и мојот тим вработени. Јас бев сите години трпелив и сега се чувствувам гордо што сме дистрибутери за овие производи и застапници на најдобрите Американски и Европски брендови за суплементи како што се: “YAMAMOTO NUTRITION“, “OPTIMUM NUTRITION“, “TREC NUTRITION“, “BLADE SPORT“, “BODY ATTACK“, “SPORT DEFINITION“, “6PACK“, “ACTIVLAB“.

Здравиот начин на живот, здрава исхрана и активен живот со спортување во последните години со модерниот начин на живот како да станаа императив, тука спаѓа и убавиот физички изглед со обликувано тело како кај женскиот дел така и кај машкиот. Кои се вашите видиувања во смисла на исхрана и суплементи?

-Како што истакнав во последните години се е драстично променето во свеста кај луѓетео и тоа во смисла на пол, возраст, и вид спорт. Сега нема разлика во конзумирање на суплементи и кај мажи и кај жени. И страросната граница е поместена ги земаат како помлади така и постари, повозрасни и сите кои спортуваат активно. Потоа различен вид спорт не само боди билдинг. Се разбира секој сака и треба добро да изгледа, без разлика на години. А посебно на повозрасни години здравиот начин на исхрана и спортот придонесуваат и подобро здравје. Мислам дека ваквиот приод и начин на размислување ни се потребни и треба да се јакнат. А секако културата за еден ваков начин на живот е повисока во овие 2-3 години. Исхраната како составен дел, суплементите, кои порано ги сметаа дека се резервирани само за професионални билдери кои креваат големи тежини. Еден период имаше и мислење дека се штетни по здравјето. Но, сепак тука би истакнал дека се треба правилно да се конзумира, заради тоа ние им нудиме и многу консултации и им даваме на нашите клиенти информации при купувањето на овие производи.

Заедно со вашиот брат Борче Стојановски сте сопственици на фитнес-центарот и теретана “City gum“. Сигурно е дека и таму се добредојдени вашите консултации за исхрана и видови суплементи при секаков вид тренинзи?

-Фитнес центарот и теретана “City gum“ се отвори во септември 2017 година и за брзо време стана многу популарна и посетена. Тука тренираат многу битолчани и битолчанки. Секако советите и инструкциите на мојот брат, Борче Стојановски, кој е апсолутен првак во боди-билдинг купот за 2018 многу им значат на спортистите кои тренираат овде во Сити Џим. Исто така можат да добијат совети и консултации за исхрана и суплементи.

Гледајќи како ви поминува еден работен ден тука во „Хардкор“ кажете ни како се релаксирате од напорната работа?

И ова што го видовте за ова време додека сме тука е малку (се смее). Тука е работата во продавницата каде се врши продажба, потоа нарачките кои ги примаме за да ги снабдиме сите продажни места и оние каде дистрибуираме производи, тоа е работата во магацинот. Понекогаш се случува од голема побарувачка да се испразнат сите овие полици за неколку часа. Сето тоа бара вложување на многу напор како физички така и психички. Но морам да истакнам имам голема подршка од мојата сопруга Јасмина која ми помага во се и тука во продавница и во нарачките иако таапо занимање работи нешто сосема друго. Се релаксирам и опуштам со семјството значи сопругата, ќеркичката во домашна атмосфера. Тука се и моите пријатели со кои се дружам. За викенди сакаме да отидеме на некое место и таму да се опуштиме. Подршката од мојот брат Борче со кој заедно делиме и добро и лошо и си помагаме, ми е драгоцена. Неговите совети секогаш ми се добредојдени. Вежбањето исто така многу ме опушта и не знам дали би можели да издржам ваков напор како што се вели ако не вежбам скоро цел живот. Здравата исхрана и да не ја споменувам со користење на суплементи.

“Хардкор Шоп“ беше еден од спонзорите и подржувач на поединечни натпреварувачи кои се натпреваруваа на последниот Куп за боди билдинг кој се одржуваше во Битола во април 2018 година. Кажете ни повеќе за тоа околу таквата улога на спонзор и подржувач ја има „Хардкор Шоп“ ?

-“Хардкор шоп“ е подржувач на повеќе спортисти, кои се натпреваруваа на последниот куп во боди-билдинг при нивните подготовки. Ние сме се одзвале на секој кој ни се обратил и побарал помош од било каков вид, било да е во опрема исхрана, суплементи при нивните подготовки. Некои од нив беа учесниции и се натпреваруваа на повеќе спортски настани надвор од земјата, тука бевме ние како спонзори во смисла на парични средства за патни трошоци. Наша цел е да подржуваме млади надежни спортисти бидејќи знаеме дека ако некој сериозно се занимава со некој спорт посебно боди-билдинг потребни се и материјални средства, а не само талент и желба за тренирање. Знаејќи ја ситуацијата и условите кај нас ние имаме многу разбирање и секогаш ќе излегуваме во пресрет како спонзори на талентирани спортисти.

Нашиот соговорник зборува со голем ентузијазм за ова и ние сме сигурни и му веруваме дека како што ни кажа “ние од Хардкор никого не сме вратиле што ни се обратил за помош“. Тоа ми остави голем впечаток како за човек со големо срце кој едукативно консултира и промовира здрав начин на живот и спортување. Ми се допаднаа неговите погледи за активен живот, здрав начин на исхрана секако без предрасуди на полови разлики и возрасна граница.

Фото: С. Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »