Press "Enter" to skip to content

Промовирани книгите на “Влакно на јазикот“ и “Два света“ (фотогалерија)

Во прекрасниот амбиент на кафулето “Бар чаршија“, се одржа промоција на книгите „Влакно на јазикот“ од Тихомир Јанчовски и „Два света“ од Руми, во превод на македонски од истиот автор.

Во првиот дел од промоцијата, присутните имаа можност да слушнат авторски стихови од Тихомир Јанчовски, а во вториот дел беа прочитани стихови од Руми.

Тихомир Јанчовски е познат на македонската јавност како поет, колумнист и преведувач, а “Влакно на јазикот“ е негова единаесетта збирка песни.

Промоциите предизвикаа голем интерес кај битолските љубители на книгата.

More from КултураMore posts in Култура »