Press "Enter" to skip to content

Традиционално дефиле и трибина на лицата со телесен инвалидитет под мотото “Лобираме заедно“ (фотогалерија)

Здружението на лица со телесен инвалидитет “Мобилност“ од денес Битола го организира традиционалното дефиле лица со телесен инвалидитет на Широк сокак, кое беше подржано од “Мобилност Македонија“ и општините Битола, Ресен и Демир Хисар, кое се организира по 12 пат, под мотото “Лобораме заедно“.

Целта на ова дефиле, како рекоа организаторите, е да влијае врз општеството и на одговорните лица за остварување на правата на лицата со инвалидност, кои за жал кај нас во Битола и Македонија не се применуваат онака како што лицата со инвалидитет бараат.

Во дефилето учествуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска која изјави дека ќе работат на остранување на бариерите кои ја попречуваат мобилноста на инвалидизираните лица, ќе таргетираат каде се проблематичните точки и тие да бидат вградени во инфраструктурни зафати на Општината, а сетоа тоа го овозможиме со ребалансот на буџетот.

Инвалидизираните лица се пожалија на тешкотиите во движењето со специјализираните возила, за немањето на пркинзи за нив, за лошите приоди до паркинзите и инситуциите, а повикаа и полицијата да ги казнува возачите кои им го спречиле движењето, за лошите приоди до влезовите на станбените здради каде живеат и каде сакаат да отидат, а се пожалија и на приодите до аптеките, до матичните лекари, а ја пофалија и Клиничката болница во Битола каде можат да влегуваат.

По дефилето кое се одвиваше од плоштадот “Магнолија“ до хотелот “Епинал“ се одржа и трибина во малата сала на Центарот за култура каде по поздравните говори проф. д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола, одржа предавање на тема „Лобираме заедно“, а проф. д-р Сашо Кочанковски на тема “Психолошки аспекти на лобирањето“.

Танушевски ја промовира Стратегијата за рамноправна поддршка на лицата со инвалидитет од јавните власти која ја има веќе усвоено градот Загреб и мислам дека е лесно применлива во нашиот град.

Бранимир Јовановски, од “Мобилност Македонија“ зборуваше за “Социјалната инклузија и здрав начин на живот преку телесна вежба“, односно за заклучоците од проектот “CHANGE YOUR MINDSET-SPORT EVERYONE”.

Овие денешни активности беа заокружени со заедничко дружење во ресторанот “Корзо“.

More from ВестиMore posts in Вести »