Press "Enter" to skip to content

Овации за изведбата на “Кралот Ричард III“ на театарот “Гавела“ на “Шеспир фестивалот“ (фото)

Пред полна сала битолчани, љубители на театарот, синоќа се одигра претставата “Кралот Ричард III“ во изведба на загребачкиот театар “Гавела“.

Оваа претстава ја режираше македонскиот режисер Александар Поповски, а во главните улоги беа: Озрен Грабарич – Ричард, Андреј Дојкиќ – Џорџ, Свен Шестак – лорд Кларенс, Мартина Чвек – лејди Ана, Дијана Видушин – Елизабета…

Композитор на музиката за оваа претстава е битолчанецот Марјан Нечак.

Битолските љубители по претставата со бурен аплауз и овации ги наградија хрватските актери.

Претставата се изведе во рамките на шестото издание на “Шекспир фестивалот“, а исто така е во рамките на “Бит фест 2018“.

More from КултураMore posts in Култура »