Press "Enter" to skip to content

Мила Ивановска “бронзената“ математичарка на Балканијадата, на прием кај градоначалничката

Бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција, е новиот успех на Мила Ивановска, ученичка во прва година, природно-математичка насока А, во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, а ваквиот нов медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на Ивановска. На денешната средба со градоначалничката на Општина Битола, младата средношколка изрази голема благодарност за несебичната поддршка од градоначалничката, која и овозможи достојно да ја претстави Битола на Балканската математичка олимпијада, а притоа на сите ученици им порача:

-Иако многумина се плашат и бегаат од математика, јас ве охрабрувам и ве уверувам дека математиката, воопшто не е тешка. Вистинскиот труд, секогаш носи гарантиран успех, рече Мила Ивановска, која зад себе има признанија и од учество на меѓународни натпревари.

Учеството на меѓународни олимпијади е од големо значење за градење на научниот капацитет на државата. Токму во таа насока, градоначалничката Петровска, честитајќи и го успехот на Ивановска, нагласи:

-Вистинските вредности, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Поддршката на младите талентирани ученици, претставува стимул за понатамошен напредок на учениците, а преку нивните резултати се создаваат можности за афирмација на општината и државата во светски рамки.

More from ВестиMore posts in Вести »