Press "Enter" to skip to content

Известување за легализација на правен статус на бесправен објект

Врз основа на член 2 од Законот за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Сл.весник на РМ“ бр. 190/17), Општина Битола ги известува сите правни и физички лица, од подрачјето на општина Битола, иматели на бесправен објект на кои заклучно со 03.03.2011 година, се изведени градежните и инсталатерски работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, дека можат да поднесат барања за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31.12.2018 година.

Барателите на кои, до започнување на примената на наведениот закон, им било одбиено барањето, поради некомплетност, можат да поднесат ново барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, заклучно со 30.06.2018 година.

Барателите кои немаат доставено геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, можат да достават геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, заклучно со 30.06.2018 година.

More from ВестиMore posts in Вести »