Press "Enter" to skip to content

„Сумнал“ ја претстави на битолчани уникатната, Бајса Арифовска, преку концерт во Магазата (фотогалерија)

Човек мора да биде со народот, тоа е еден вид традиција и начин на живот, не можете да бидете вообразени, а да работите благородна работа, се зборови на Бајра Арифовска, која синоќа во Магазата одржа концерт во кој поради лошото време имаа моќност да уживаат само малкумина, но уникарната Бајра, како најави, ќе го повтори.

Инаку концерто беше во организација на здруженито “Сумнал“, а е во рамките на годинашниот “Бит фест“, а на него Брја настапи со своите соработници Душко Геориевски – наш ценет вокален интепретатор на македонската естрада и пошироко, инстументалист на флејта Ратко Даутовски – перкуссии и Орце Лазаров – електричен бас

Инаку, Бајса Арифовска е уникатна појава во светот на македонската традиционална музика и таа свири најмалку на 15 инструменти, компонира, а 11 години беше професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што на учениците им предаваше народни инструменти. Сега работи како инструменталист и асистент на оркестарот во националниот ансамбл „Танец“. Оваа неуморна млада жена, за која музиката е и сон и реалност, многу придонела и за музичката едукација на ромските деца, работејќи со нив во мандолинскиот оркестар на ромскиот културен и едукативен центар „Дархија“.

Веќе дваесетина години патува низ светот и ја шири приказната за македонската традиционална музика, па затоа воопшто не е чудно што некои нејзини почитувачи веќе ја ословуваат со „маестро“.

Досега одржала стотици концерти, остварила извонредни соработки со врвни уметници, а воедно е прва Ромка кај нас што компонирала музика за балет. Станува збор за „Скршен сон“, што го напиша во 2009 година.

Има уште многу нешта по кои Бајса е прва, бидејќи, како што рече, досега многупати кршела разни табуа. Кога ќе ја видат како вешто свири на гајда или на тапан, нејзините колеги знаат да кажат дека „работи машка работа.

Нејзиниот немирен дух постојано бара нови предизвици, а таа, како што вели самата, нема никогаш да престане да чепка по инструментите, барајќи го совршениот звук. Нејзината мекост и отвореност за контакти и нови познанства секојдневно сѐ повеќе ја поврзуваат и со оние за кои и создава, обожавателите на македонската традиционална музика.