Битолските љубители на тетарот, а посебно на Вилијам Шекспир, синоќа имаа ретка прилика да изгледаат две театарки претстави кои се одигра во рамките на шестото издание на “Шекспир фестивалот“.

Првата претстава се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, насловена како “Јас Хамлет“, модерна и дигитална, во изведба на “Пинктарт“ театарот од Букурешт, Романија. Во оваа претстава играа Катринел Баженариу, Габи Костин, Владимир Пурдер и Влад Павел, а режијата е на Катинка Драганеску, по текст на Елисе Вилк.

Втората претстава “Отело – незаконска литургија“ се одигра на сцената на големата сала на Центарот за култура во Битола, а во изведба на театарот “Верди“ од Задар, Хрватска. Драматург и режисер на оваа оваа претстава е Златко Паковиќ, а улогите им ги додели на двојката Јурај Арас и Хрвојка Беговиќ, кои и играат трите улоги на Отело, Дездемона и Јаго.

И денес на програмата на “Шекспир фестивалот“ ќе има две претстави, и тоа: “Сонот на Вилијам“ на театарот за деца и младинци од Скопје и “Ромео и Јулија (Не трагедија)“ во изведба на Академскиот руски драмски театар “Максим Горки“ од Астан, Казахстан.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”150″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

“Хамлет“ и “Отело“, две претстави на две сцени, синоќа на “Шекспир фестивалот“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





