Младинскиот културен центар, организатор на меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град ги заврши подготовките за конецертот на популарниот бенд “С.А.Р.С.“ вечерва, на плоштадот “Гоце Делчев“, со почеток од 22 часот.
“Свеже Ампутирана Рука Сатријанија“ или скратено “С.А.Р.С.“ е српска алтернативна рок-група од Белград, основана во 2006 со 9 албуми, успешни турнеји и со многу популарни песни, а во Битола доаѓаат по седум години пауза, исто така за учество на Битола отворен град.
Инаку, Битола отворен град е фестивал кој седумнаесет години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи, а годинава трае шест дена до 30-ти јуни.






