Press "Enter" to skip to content

Отпочна имплементрација на “Симбиоза“ проект за управување со органски отпад

Денес во винаријата “Чифлик“ започна имплементацијата на проектот “Симбиотски мрежи за одржливо управување со органски отпад “Симбиоза“ кој се импелемтира во рамките на Интеррет ИПА програмата за прекугранична соработка Грција- Република Македонија 2014-2020 година, кој е ко-финансиран од страна на Европката Унија и двете земји учеснички.

Од име на домаќинот ЈК “Комуналец“ присутните ги поздрави директорот Панде Богоевски кој потоа рече:

-Овој проект ќе биде имплементиран од страна на шест партнери од двете соседни земји и тоа: ЈП “Комуналец“ – Битола, ЈП “Комунална хигиена“ – Новаци, Движење на околината “Молика ДОМ“ Битола, и партнерите од Грција: “Диадима“ – СА Кожани, Грција, “Инополис“ – центар за иновации и култура и националниот технички универзитет – Атина. Можам да кажам дека тука нема да застенеме со проектите и дека во разговорите со грчките партнери веќе имаме постигнато договори за брзо време да конкурираме и за други проекти.

Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска ги поздрави присутните им посака успешна реализација на овој проект кој ќе донесе бенефит за двете страни и дека очекува покрај подобрување на влијанието кон животната средина преку намалување на био-отпад, користење на био ресурските како и создавање на нови работни места.

Вкупниот буџет на проектот е во износ околу 900 илјади евра, од кои за активностите кои ќе бидат имплементирани во Македонија износот е 482.086 евра, а додека останатите 416.772 евра се наменети за актовности кои ќе бидат реализирани во Грција.

Во рамките на овој проект предвидени се низа активности кои се насочени кон воспоставување на интегриран, одржлив систем за управување со органски отпад, како и развивање на шеми за тргување со органски отпад во рамките на прекуграничниот регион.

На отпочнувањето на проектот покрај домаќините, гостите од Грција, беа и сите директори на јавните претријатија од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »