Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ и ХС “Стрежево“ потпишаа договор за соработка за испорака на сирова вода

Двете јавни претријатија кои гравитираат на територијата на општина Битола, Јавното комунално претријатие “Водовод“ и Хидро системот “Стрежево“ потпишаа договорот за соработка и испорака на сирова вода, од страна на “Стрежево“ кон “Водовод“ кој истата ја преработува и преку водоводниот систем ја спороведува до крајните корисници.

Според двата директори на “Водовод“ – Горан Козаров и на “Стрежево“ – Менде Граматковски со овој договор јасно се дефинирани правилата, прописите и начинот на работа помеѓу двете претпријатија, а ова е договор кој нема да дозволи да има судски спорови помеѓу овие две претпријатија.

Според Козаров и Граматковски со ставање на потпис на договорот нема да има нерешени прашања за разлика од минатиот период кога меѓу двете претријатија поради тоа имаа судски спор од 1 милион евра.

Инаку, КЈП “Водовод“ вода од Хидро системот “Стрежево“ користи во летниот период кога издашноста на изворите е намалена.

More from ВестиMore posts in Вести »