Press "Enter" to skip to content

Акапела концерт-сонети на Шекспир, со најголемата звезда во Полска, Станислав Сојка (фотогалерија)

Во рамките на шестото издание на “Шекспир Фестивалот“ кој деновиве се оджува во Битола на неколку сцени, синоќа на сцената на Народниот театар во Битола се одржа необичен, акапела концерт на кој беа испеани сонетите на Шекспир, на хорот од Краков, Полска.

Битолчани на сцената заедно со хорот кој броеше 15 членови имаа прилика да го слушаат, како ги пее сонетите на Шекспир, еден од најголемите ѕвезди во Полска и Европа, уметникот Станислав Сојка.

Овој уметник покрај што пееше заедно со хорот приреди и рецитал со сонетите на Шекспир.

Денес завршува шестото издание на “Шекспир фестивалот“, а на послениот ден битолчани ќе имаат прилика да ја гледаат преставата на Црногорскиот народен театар “Зимска бајка“.

More from КултураMore posts in Култура »