Овие денови и официјално беа објавени финалистите на меѓународниот „Креф“- фестивал за креативно едукативни филмови – 2018. Во повеќе различни категории (липдуп филм, едукативен филм, детски филм, мајн крафт) се натпреваруваат наставници, стручни соработници и ученици од основни училишта од регионот и пошироко.
Меѓународното жири ги објави финалистите, а прогласувањето на победниците во секоја од категориите посебно, како и специјалните награди од жири и публика ќе бидат на 29 и 30 септември 2018 на Универзитетот “Гоце Делчев“ – Штип и Факултетот за образовни науки Мултимедијален центар УГД. Во таа прилика ќе бидат прикажани и некои од селектираните филмови.

Наставникот Весела Богдановиќ која е еден од авторите на “Креф“ заедно со својот колега Зоран Илиќ од Србија изјави:
-Лип дуб спотовите се еден вид на одлична презентација на училиштето претставена на оригинален и креативен начин преку синхронизирано отварање на усните (“лип“) на учесниците врз основа на текстот на мелодијата и движења по такт и ритам (“дуб“) на мелодијта која го покрива спотот. За време на монтажата треба да се внимава музиката да биде синхронизирана со движењета на усните на учесниците. Од тука доаѓа и името липдуб. При снимањето камерата непрекинато се движи низ училиштето и овозможува да одиме во посета низ просториите на училиштето. Заради тоа и јас велам дека со гледање на спотот секој како да присуствувал или го посетил еден ден училиштето и го видел како објект со просторни услови, кабинети и учесниците во наставниот процес (ученици и наставници) и друг кадар во училиштето. Сето ова преку липдуп спотовите се прикажува на интересен, единствен и креативен начин по слободна тема која ја избира и реализира авторот на филмот. Критериумите и пропозициите се многу строги за оваа категорија и мора сите да се исполнат за де се влезе во финале.

Оваа година во категоријата липдуб филм единствен од Македонија финалист е липдуб филмот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ со мото “Со традицијата низ историјата ние гордо чекориме кон иднината“.
-Со овој спот е претставено училиштето низ еден мал времеплов низ историјата, од сесловенските просветители Кирил и Методиј чие име и гордо го носи нашето училиште, традицијата со оро, тапан, преубавите носии, малите пионерчиња, современото време на модерни технологии- компјутери, мобилни телефони, смарт табли. Секој кој ќе го гледа виртуелно како да бил таму низ нашето училиште и го видел креативниот потенцијал на наставниот кадар, учениците, секциите, училишната клима, а се е надполнето со музиката низ спотот македонските песни, а се со една цел сите да се споиме со љубов, другарување, вистински пријателства без насилство со позитивна енергија, вели директорот на училиштето Душко Костовски, кој им даде голема доверба на авторот и неговиот тим и учениците при снимањето на спотот.
Погледнете го липдуп филмот на училиштето на линкот:






