Press "Enter" to skip to content

Вчера на “Битфест“ австриски дувачки квартет во друштво со австриската амбасадорка (фотогалерија)

Вчера на програмата на “Бит фест 2018“ концерт имаше австрискиот месинг квартет Јозеф Хајдн Брас, а овој концерт беше првиот од низата настани со кои се претставува културата на државите кои имаат свои конзулати во Битола. По тој повод во Битола беше и австриската амбасадорка м-р Ренате Коблер, која концертот го следеше заедно со градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.

Амбасадорката Коблер рече дека посебно го радува тоа што концертот на австриските музичари се одржува на денот кога Австрија и официјално го презема шестмесечното претседавањето со ЕУ, а Петровска нагласи дека австриската амбасада прва се одзвала на повикот Австрија со свои уметници да се претстави на годинашниот “Битфест“ и токму затоа со нив започнува претставувањето на културата на државите кои имаат конзуларни претставништва во Македонија.

„Јoseph Haydn Brass“ (Јозеф Хајдн Брас) е основан во Ајзенштат Австрија кога во 2000 година се споија пет сосема различни музичари кои ги соедини љубовта кон музиката на Џозеф Хајдн. Ансамблот Јозеф Хајдн Брас ја доживува изведбата на дела на нивниот имењак и неговите современици – како Моцарт Бетовен – како суштински уметнички предизвик.

„Јoseph Haydn Brass“ го сочинуваат: Петер Бауер (труба), Јохан Штангл (труба), Флориан Јанежич (Хорна), Роберт Поперл (тромбон) и Гинтер Клајдости (туба).

Во салата на Народниот театар тие се претставија со: Триумфален марш од Аида – Џузепе Верди, Анданте од концертот со труби во Ес- дур – Јозеф Хајдн, Увертира кон операта “Волшебната флејта” – В. А. Моцарт, Анданте симфонија „часовник“ – Joзеф Хајдн, Унгарски танц бр. 5 – Јоханес Брамс, Czardas (Чардаш) ​​​​​​​​- Виторијо Монти, Валцер од џез свита бр. 2 – Димитриј Шостакович, Take the „A„ Train​​​​​​ – Дјук Елингтон, It don´t mean a Thing- Дјук Елингтон​​, Just a Closer Walk​​​​​​ (Traditional), 12 th Street Rag ​​​​​​- Euday Bowman.

Поради поводот преземање на шестмесечното претседавањето со ЕУ на Австрија ја изведоа и Химната на Европа, и песната “Македонско девојче“.

More from КултураMore posts in Култура »