Press "Enter" to skip to content

Клиничка болница Битола го објави конкурсот за нови вработувања, вкупно 70, од кои 30 лекари

Она што беше најавено на 30 мај дека Клиничката болница “Д-р Труфун Пановски“ од Битола за брзо време ќе објави конкурс за нови вработувања денес се оствари.

Клиничка болница го објави конкурсот за нов 70 вработувања од кои за лекари се предвидени 30 работни места.

-Она што беше најавено со денешното објавување се оствари, се отвори конкурс за 30 лекари, а со конкурсот се предвидени и други вработувања кои се потребни за извршување на дејноста во Клиничката болница, како дипломирани сестри, радиолози, фармацевти, инженери по хемија, физиотерапевти, акушерки, медицински сестри со ССС, фармацевтски ифизиотерапеврски техничари, велат од Клиничката болница во Битола.

Покрај овој кадар со конкурските за вработување предвидени се вработувања на диоломиран правник, економнист, воспитувач, информатичар, електротехничар, возач, книговодител, референти, молери, хигиеничари…

More from ВестиMore posts in Вести »