Press "Enter" to skip to content

Новороденче, синоќа на полноќ, најдено пред Домот за доенчиња во Битола

Битолската јавност е потресена откако се слушна веста дека женско бебе, на возраст од околу една недела, е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола, а него пред Домот го пронашол синоќа, околу полноќ, битолчанец со иницијали З.Б. на возраст од 50 години.

За случајот е известен и Центарот за социјални работи во Битола, по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б. кој го пронашол бебето, а бебето било однесено во Клиничката болница на одделението за неонатологија, а потоа е пренесено во Домот за доенчиња.

Од страна на СВР Битола се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »