Press "Enter" to skip to content

Словенечкиот амбасадор во посета на Горната гимназија, подари книги и одржа трибина (фото)

Денес во посета на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ беше Н.Е. амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец, кој за време на посетата оствари средба со градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска и директорката на Гимназијата.

За време на посетата Н.Е. амбасадорот проф. д-р Милан Јазбец одржа трибина со ученици од Горната Гимназија кои сакаат да се запишат на студии во Словенија и оние кои веќе се таму и им укажа на некои посебности околу студирањето во Словенија.

-Мислам дека има ретко држави каде голем број на студенти доаѓаат на школување од еден град на една држава како што е пример со Битола, од каде има голем број на студенти во високобразовните установи во Словенија. Но, морам да забележам и тоа дека има голем број на студенти токму од оваа Гимназија. Инаку, студирањето во странство, односно во Словенија не е нова работа, а од таму се пренесува големо знаење, искуство и пријателства кои треба да се вградат во местото од каде доаѓа студентот во Словенија. Еден таков пример сум и јас со Драган, кој сега работи тука, а заедно студиравме во Љубљана, во 80-тите години, а пријателството остана. Но, за жал морам да коснтатирам дека сега најголем дел од студентите не се враќаат во Битола, рече Н.Е. амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец.

Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска рече дека ваквите средби на учениците со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец се многу корисни за нив и дека можат да научат некои работи кои ќе им помогнат во идното школување во Словенија и за начинот на кој тоа може да го остварат.

Н.Е. амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец на библиотеката на Горната гимназија и подари книги од словенечки автори преведени на македонски јазик, кои како рече се надева дека ќе помогнат Словенија да биде поблиску до учениците.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »