Press "Enter" to skip to content

Одлична Рок Симфонија (Rock Symphony) на Камерниот оркестар пред битолчани на Ракометно (фотогалерија)

Синоќа на ракометното игралиште во Битола се одржа концерт на Камерниот оркестар на Битола, пред повеќе илјади битолчани и од околните градови, насловен како – Rock Symphony (Рок Симфонија).

Ова е најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркетар на Битола и на него како солисти настапија: Ненад Милосавлјевиќ – НЕША ГАЛИЈА, Михајло Трајковски – САК, Арбен БЕНИ Шаќири, Петар Младеновски – ПЕЦЕ (СУПЕРХИКС) и Жарко Јакимоски.

Публиката два часа уживаше во рок изведбите на солистите и камерниот оркестар, а како рекоа и изведувачите Битола е град во рок музиката продолжува да живее.

Рок Симфонијта) на Камерниот оркестар е во рамките на “Бит фест 2018“.

More from КултураMore posts in Култура »